Опременост и технологија

Опременост и технологија

Специјалната болница за очни болести „Деница“, располага со најсовремена офталмолошка опрема, без која не би можело да се постигнуваат врвни резултати, како во дијагностиката, така и при оперативните зафати.

УЛТРАЗВУК

A-scan систем, набавен од германската компанија Tomey, се користи за биометрија, во случаи кога постојат многу зрели катаракти. B-scan системот, исто така од компанијата Tomey, е дводимензионален и задолжителен при прегледот на пациентите. Со предоперативен преглед со оваа метода се исклучува можноста дека за губиток на видот освен катарактата е одговорно и некое друго заболување: аблација на ретина, тумор, крварење и слично. На овој начин се избегнува повеќекратно оперативно лечење и се дава рационална прогноза за постоперативната видна острина.

ОПТИЧКА БИОМЕТРИЈА

Најновата генерација на оптичкиот бесконтактен биометар овозможува прецизна проценка на вредноста на интраокуларната леќа за вргадување. Најновиот оптички биометар Lenstar набавен од компанијата Haag-Streit од Германија поседува софтвер од најновата генерација за проценка на постоперативната диоптрија.

- Ретинометар Heine Lambda 100 со кој може да се прогнозира постоперативната видна острина
- Ултразвучен пахиметар (прецизно се мери дебелината на рожницата) , воздушен тонометар со софтвер за дебелината на рожницата
- Компјутеризирано видно поле за дијагностика на глауком, некои болести на ретината и некои невролошки болести
- Стекуларен микроскоп за проценка на ендотелот на рожницата
- Флуересцеинска ангиографија со фундус камера за снимање на задниот сегмент и васкуларниот систем на окото
- Флуоресцеинска ангиографија со автофлуересценција – ангиографија без контраст
- Најсовремен OCT (оптичка кохерентна томографија) – неинвазивен револуционерен неконтактен ласерски дијагностички систем. Исклучително прецизно ги претставува внатрешните слоеви на окото низ попречни пресеци со големи резолуции. Се применува во раната дијагностика на глауком, оболувања на жолтата точка во внатрешноста на окото и витреоретинални пореметувања

Спектарот на хируршки интервенции ја опфаќа целата интраокуларна хирургија со користење на најмодерниот очен микроскоп од германскиот бренд Moller-Wedel, со користење на инструменти од компанијата Geuder од Германија.

Со цел да се постигне максимална безбедност на пациентот, опремени сме со најнова генерација на апарат за анестезија, централна станица за компресија и медицински гасови кои овозможуваат максимална сигурност на оперативниот процес.

- ОПЕРАЦИЈА НА КАТАРАКТА со ултразвук се врши со вградување на современи меки интраокуларни леќи од светски познатата компанија Bausch&Lomb, хирургија на мала инцизија и микро инцизиона хирургија на катаракта со рез помал од 2мм со употреба на Фако апарат Stellaris PC, исто така припадник на познатиот бренд Bausch&Lomb и Infinity фако апарат од брендот Alcon.
- СОВРЕМЕНА ХИРУРГИЈА НА ГЛАУКОМ – трабекулектомија со антиметаболити, мини шантови (Ex-press), дренажни импланти (Ахмедова валвула), како и операција на криоанемизација со најнов апарат од брендот Optikon
- РЕТИНОВИТРЕАЛНА ХИРУРГИЈА – 23G витректомија, 25G витректомија, хирургија на комплицирани аблации, дијабетес, интервенирање при повреди на окото, хирургија на макула. Анти VGF терапија при лечење на влажна дегенерација на макула и други болести на ретината.
- ИНТЕРВЕНЦИИ СО ЛАСЕР се вршат во кабинетите за ласер терапија, амбулантно со локална анестезија со капки.
- Интервенција со YAG Laser на предниот сегмент на окото (лечење на глауком, секундарна катаракта)
- Интервенции со аргон ласер кај глауком и заболување на ретина (дијабетес, васкуларни болести, руптури на ретина)
- ИНТРАОКУЛАРНА РЕФРАКТИВНА ХИРУРГИЈА: Во случаи каде не е можно ласерско отклонување на диоптријата, вградуваме интраокуларни леќи или ја заменуваме природната леќа со интраокуларна леќа со соодветна диоптрија.
- Во склоп на специјалната очна болница „Деница“ функционира оптика каде можат да се набават сите диоптриски очила како и контактни леќи и течности за одржување