Блог

СО ТЕХНОЛОШКИОТ ВРВ „ALCON CONSTELLATION VISION SYSTEM“, ДО УШТЕ ПОДОБРИ РЕЗУЛТАТИ ВО ОЧНАТА ХИРУРГИЈА

Перформансите на овој најсовремен офталмолошки микорохируршки систем од последната генерација, овозможуваат:
- Врвни резултати во витреоретиналната хирургија и во хирургијата на #катаракта;
- Највисоко ниво на контрола при изведување на хируршките зафати;
- Зголемување на можноста за уште поуспешна хирургија дури и за најсложените офталмолошки состојби;
- Драстично намалување на веројатноста од можни компликации при спроведувањето на хируршките интервенции;
- Вградена автоматска контрола на интраокуларниот притисок;
- Скратување на времето на траење на хируршките интервенции;
- Значително намалена постоперативна нелагодност на предниот сегмент на окото;
- Побрзо закрепнување заради употребата на инструменти со исклучително мали димензии.

Деница ги имплементираше највисоките светски технолошки стандарди во очната хирургија
кои, заедно со тимот од меѓународно верификувани хирурзи и дијагностичари, претставуваат најголемата гаранција за врвни офталмолошки резултати!

Затоа што вашите очи го заслужуваат најдоброто!