Блог

БЕСПЛАТНИ ОФТАЛМОЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВИДОТ

На 10.10.2017 година, по повод Светскиот ден на видот, во Специјалната очна болница „Деница“, беа организирани бесплатни систематски офталмолошки прегледи за 30 ученици со интелектуална попреченост, односно со посебни потреби од државното средно училиште „Свети Наум Охридски“ од Скопје.

Специјалната очна болница Деница, традиционално, секоја година, по повод овој ден, спроведува ваков тип на добротворни активности, како дел од нашите принципиелни залагања за перманентно јакнење на општествената одговорност кон заедницата“, изјави д-р Виолета Бучковска, медицински директор на Болницата. Според неа, на овој начин, Деница сака да придонесе уште повеќе да се зајакне свесноста кај граѓаните во однос на потребата од редовна грижа за очното здравје.

Светскиот ден на видот се одбележува секоја година, вториот четврток во месец октомври, како резултат на иницијативата на Светската здравствена организација, а со цел општествата и граѓаните да посветат соодветно внимание на сите оштетувањата на видот, на проблемите со слепилото, како и на рехабилитацијата на слабовидните лица.

извор: https://zivejzdravo.mk