Блог

КАКО ДА ЈА ПОБЕДИТЕ КАТАРАКТАТА?

Единствениот начин за лекување на катаракта е хируршко отстранување и имплантирање на вештачка интраокуларна леќа. Интервенцијата трае 20на минути, потполно е безболна, се врши со помош на локална анестезија и уште истиот ден се напушта болницата.

Постојат два начина на операција на катаракта:

- Ултразвучна операција на катаракта (факоемулзификација). Факоемулзификацијата е техника на ултразвучна хирургија каде што, користејќи модерна технологија со ултразвучна сонда, низ мал рез од 2 милиметри, катарактата се крши (дроби), се всисуваат искршените делови и се поставува флексибилна леќа со претходно утврдена јачина и дизајн во зависност од животните навики на пациентот. Операцијата се изведува во локална анестезија, и е целосно безболна, се врши под микроскоп и трае околу дваесет минути. Ваквиот тип на операција оди со брзо закрепнување на пациентот, бидејќи нема потреба од ставање на шавови.

- Екстра капсуларна екстракција на катарактата, хируршка операција со поголем рез на корнеа. Оваа техника се практикува кај тврди и комплицирани катаракти каде се очекуваат повеќе компликации доколку се употреби ултразвучно отстранување на катарактата. По отстранувањето на катарактата се поставува флексибилна леќа со претходно утврдена јачина и дизајн во зависност од животните навики на пациентот. Операцијата се изведува во локална анестезија, и е целосно безболна, се врши под микроскоп и трае околу дваесет минути. Овој тип на операција оди со побавно закрепнување на пациентот, бидејќи ќе има потреба од ставање на шавови.

Врвниот тим на офталмолози во Деница, со користење на најсовремена апаратура, ќе се погрижи повторно да имате кристално јасен вид.
Закажете преглед на 02/3068-288.
Затоа што вашите очи го заслужуваат најдоброто.