Блог

ДЕСЕТ ЗНАЦИ ДЕКА ТРЕБА ДА ГО ПОСЕТИТЕ ВАШИОТ ОФТАЛМОЛОГ

Луѓето често пати се несигурни во одговорите на прашањето кога треба да го посетат својот очен лекар, односно офталмолог. Имајќи го во предвид споменатото, во продолжение обрнуваме внимание на 10 најчести знаци кои укажуваат на тоа дека треба да направите очен преглед.

1.
Ненадејно појавување на заматен вид. Ненадејното појавување на заматен вид е сериозен знак за посериозни здравствени проблеми кои не смеат да се игнорираат. Доколку ваквите замаглувања, пак, имаат перманентен карактер, истите упатуваат на проблеми со очната леќа.

2. Опструкција на видот и ненадејно појавување на визуелни нарушувања
. Во овој случај, исто така, треба веднаш да закажете преглед кај вашиот офталмолог бидејќи, во спротивно, можат да се јават сериозни нарушувања на видот.

3. Главоболка
. Долготрајната работа пред компјутерите, може да предизвика главоболка. Сепак, главоболка може да настане и како резултат на нарушен вид.

4.
Кога читате, книгата ја држите подалеку од очите. Доколку ги држите книгите или весниците, подалеку од вашите очи, можеби ќе ви бидат потребни очила за читање, односно дека треба да го посетите вашиот офталмолог.

5.
Неможност да се утврди приближната далечина на која се наоѓа некој објект. Овој проблем може да се појави при вршење на секојдневни задачи. Имено, кога очите на работат усогласено, се јавува проблем при утврдувањето на растојанијата, што претставува еден важен знак дека потребно е да направите офталмолошки преглед.

6.
Лесно се заморувате. Доколку често ви се случува да се изморите за време на вршење на краткотрајни и полесни обврски, тоа може да биде знак и за постоење на можни нарушувања на процесот на фокусирањето на очите.

7.
Покажувате изразена чувствителност кон светлина. Чувствителноста кон светлината е важен индикатор за здравјето на очите. Имено, доколку вашето око не реагира адекватно при нагла промена на светлината, тоа може да укажува на постоење на нарушувања на видот.

8. Често ги триете очите.
Честото триење на очите може да претставува знак кој упатува на механички или на алергиски проблеми со окото заради што, во овој случај, е многу важно да направите преглед на вашите очи.

9.
Имате влажни очи. Доколку често ви се навлажнуваат очите како да плачете, тоа е знак за можен проблем со видот.

10.
Доколку не сте го посетиле вашиот офталмолог две години. Во период од две години, настануваат повеќе промени во нашите очи, заради што, е особено важно да добиеме експертска анализа за нашето очно здравје.

Врвниот тим на офталмолози во Деница, со користење на најсовремена апаратура, ќе се погрижи повторно да имате кристално јасен вид.
Закажете преглед на 02/3068-288.
Затоа што вашите очи го заслужуваат најдоброто.

д-р Сашо Капсарев
Специјална очна болница „Деница“