Блог

ТРЕТИРАЊЕ НА ГЛАУКОМОТ - ТИВКИОТ УБИЕЦ НА ВИДОТ

Третманот може да биде медикаментозен со локална примена на капки кои се аплицираат во окото.

Постојат повеќе единечни или комбинирани препарати кои ги одредува офталмологот. Ставањето на терапијата мора да биде редовна по препишаното упатство. Тоа се најчесто капки за намалување на продукција на очната водичка и олеснување на нејзиното истекување со што се намалува очниот притисок.

Во поново време поради теоријата за глаукомот како дегенеративно заболување на целиот оптички тракт се вклучува и невропротективната терапија.

Ласерски третман каде се прави ласерска интервенција на трабекуларната мрежа во иридокорнеален агол, што ќе го олесни истекувањето на очна водичка во одводниот (schlemm-ov) канал.

Хируршки третман каде се прави проток на очната водичка директно во еписклералниот простор, а во поново време и со вградување на повеќе видови дренажни шантови и валвули.

Дијагнозата и лекувањето препуштете му го на вашиот офталмолог, а вие вршете редовни офталмолошки прегледи особено над 60-годишна возраст со проверка на очниот притисок.

Доколку е ординирана терапија, редовно практикувајте ја, со редовни контроли и споредбени иследувања, за да може да се следи и соодветно да се лекува заболувањето, со што ќе го зачувате вашиот вид.

Не заборавете, глаукомот е состојба која постепено тивко ја краде вашата виделина.

д-р Снежана Андревска
Текстот е објавен во списанието „Наше Здравје“ на фармацевскиот бренд „Виа Фарм“