Блог

Д-Р БУЧКОВСКА: „ДЕНИЦА Е СИНОНИМ ЗА ПРЕМИУМ УСЛУГИ ИЗВЕДЕНИ ОД ВРВНИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ“

Во центарот на главниот град на Македонија, на само 40 км од Тетово и на 90 км од Приштина, веќе една година работи Специјалната очна болница „Деница“. За мотивите и за предизвиците, за поставените цели и за остварените резултати, разговараме со еден од најеминентните хирурзи-офталмолози во Македонија, доктор Виолета Бучковска. Според доктор Бучковска лекарскиот тим на Болницата посветено работи за здравјето на пациентитите кои се всушност и најголемата инспирација и предизвик за работа. „Инвестиравме во најсовремена апаратура за дијагностика и хирургија, а нашиот тим на истакнати стручњаци ги совладува и најсложените офталмолошки предизвици“, ќе истакне д-р Бучковска.

Кажете ни нешто повеќе за Очната болница „Деница“?

Специјалната болница за очни болести „Деница“ постои од април 2017 година. Се наоѓаме на улицата „Варшавска“ број 6, во мирната и спокојна населба Тафталиџе, во скопската општина Карпош. На околу 500 м2, наменски дизајниран и изграден простор, сместени се модерно опремени ординации, кабинети и операциони сали кои располагаат со најнова технологија и апаратура со што се овозможува вршење прегледи и оперативни зафати кои се на ниво на најсовремените европски и светски очни болници.

Накратко, што сé нуди Деница? За какви потреби и проблеми можат да ви се обратат граѓаните?

Во ДЕНИЦА може да се најдат решенија за најширокиот спектар на најразлични офатлмолошки проблеми што може да ги има секој нас. Како тим посветено се зафаќаме со решавање од наједноставните сѐ до најсложените здравствени предизвици на луѓето. Досегашното наше искуство и минат труд, верувам дека се најдобрата гаранција за изречената констатација. Сепак, накратко, во ДЕНИЦА, ги изведуваме сите офталмолошки прегледи и во контекст на споменатото, ги нудиме и соодветните најсовремени услуги од областа на хирургијата. Во конкретна смисла, нашата болница е адресата каде нашите граѓани, на врвна апаратура и со користење на врвни материјали, можат да добијат компјутеризирано одредување на диоптрија; дијагностика и терапија на глауком; дијагностика и терапија на преден и на заден сегмент на окото; ехо дијагностика; оптичка кохерентна томографија – OCT; страболошки прегледи; ласерски интервенции на заден сегмент на окото; ласерски интервенции на секундарна катаракта; хирургија на катаракта; хирургија на глуком; хирургија на заден сегмент на окото; хирургија на солзни патишта; хирургија на крионемизација; современа анти VGF терапија и.т.н.

Кои се плановите за во иднина?

Плановите се многубројни. Сакаме да се надградуваме уште повеќе, при што следејќи ги најсовремените трендови во оваа област, еднакво посветено продолжуваме да вложуваме во едукацијата на вработените, како и во врвната апаратура, што како концепт, заедно со пристапните цени, убедени сме дека гарантира врвни резултати од полза на нашите пациенти.

извор: www.zurnal.mk