Деловно техничка соработка

Деловно техничка соработка со Милош Клиника Белград

Тргнувајќи од принципот да направиме се за нашите пациенти, а знаејќи дека најдобрите решенија за некои болести можат да ги понудат некои болници во регионот, се одлучувме за склучување на договор за соработка со најдобрата очна болница во нашето блиско окружување, Милош Клиника од Белград, Р. Србија.

Притоа нашите пациенти добиваат предоперативна припрема, совет за квалитетот на извршениот зафат, постоперативна контрола од наша страна, како и организација на нивниот прием и сместување во Белград

Соработката со Милош Клиника од Белград се базира на користење следните услуги: Ласерска корекција на диоптрија, прегледи и хирургија на страбизам, хирургија на очен капак и солзни канали, како и трансплантација на рожница.

Нашиот избор за Милош Клиника од Белград е направен, поради тоа што тие при: Ласерската корекција на диоптрија користат два ласери, FEMTOSECOND AMO ласерска технологија и EXCIMER LASER TECHNOLOGY. Тоа значи:
- Неинвазивна хирургија
- Сите фази на операцијата се без нож (во Македонија првата фаза е со нож)
- Компјутерски контролирана интервенција
- Брзо враќање на видната острина

Лечење на страбизам, бидејќи располагаат со современ и развиен центар за страбизам

Трансплантација на рожница , бидејќи обезбедуваат материјал за трансплантација од врвен квалитет врз основа на договор со пет светски очни банки и бидејќи интервенциите за трансплантација ги врши светски познатиот словенечки офталмолог, Др. Владимир Фајфер

Хирургија на очен капак и солзни канали се работи со врвни апарати, инструменти и методи, под водство на Др. Зоран Жикиќ

Корнеален крослинкинг за третирање на кератоконус