Профил на компанијата

За Очна болница Деница

Деница, специјална болница за очни болести од Скопје, започнува со официјална работа во април 2017 година, на ул. Варшавска бр.6 во мирната и спокојна населба Тафталиџе. На околу 500 м2, наменски дизајниран и изграден простор на болницата, сместени се модерно опремени ординации, кабинети и операциони сали кои располагаат со најнова технологија и апаратура со што се овозможува вршење прегледи и оперативни зафати кои се на ниво на најсовремените европски и светски очни болници.

Очната болница Деница е организирана со три комплетно опремени офталмолошки ординации, кабинет за припрема на пациенти за преглед, кабинет за функционална дијагностика, кабинет за ултразвук и ласер терапија, кабинет за OCT (Окуларна кохерентна томографија), кабинет за флуоресцеинска ангиографија и флуоресцеинска автофлуересценција.Исто така, болницата располага со оперативен блок со две комплетно опремени оперативни сали и дневна болница.