April 7, 2017

Како настанува старечкото перде ?

Во нашето око има леќа која работи исто како и леќата на фотографскиот апарат која ја фокусира светлината на ретината како би имале јасен вид. Леќата е составена од вода и протеини кои ја прават чиста и способна да пропушта светлина. Со стареењето, протеините се згрутчуваат и заматуваат дел од леќата, а со тоа и се намалува способноста за пропуштање на светлина. Во медицината оваа појава […]
April 7, 2017

Опериран најстариот пациент

Д.р. Наум Трпеноски, во 2014 година, за време на својот работен ангажман во ГОБ „8 Септември“ во Скопје, го оперираше од катаракта најстариот пациент во Македонија. Живко Јакимовски (104) беше успешно опериран од старечко перде, му беше вградена интраокуларна леќа (ИОЛ) и за неколку дена му се врати видот. Дедо Живко беше пресреќен со тоа што после долго време мрак успеа да прогледа.