оперативни зафати
и контактни леќи
Деница - Специјална очна болница
Прегледи и оперативни зафати
кои се на ниво на најсовремените европски и светски очни болници.
Оптика
каде можат да се набават сите диоптриски очила како и контактни леќи и течности за одржување.
Дијагностика
УЛТРАЗВУК
ОПТИЧКА БИОМЕТРИЈА
СПЕКТАР НА ХИРУРШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ
Хирургија
Спектарот на хируршки интервенции ја опфаќа целата интраокуларна хирургија со користење на најмодерниот очен микроскоп од германскиот бренд „Moller-Wedel“, со користење на инструменти од компанијата „Geuder“ од Германија.
Операција на катаракта
со ултразвук се врши со вградување на современи меки интраокуларни леќи од светски познатата компанија „Bausch&Lomb“
Хирургија на глауком
трабекулектомија со антиметаболити, мини шантови (Ex-press), дренажни импланти (Ахмедова валвула), како и операција на криоанемизација со најнов апарат од брендот „Optikon“;
Ретиновитреална хирургија
23G витректомија, 25G витректомија, хирургија на комплицирани аблации, дијабетес, интервенирање при повреди на окото, хирургија на макула.
Интервенции со ласер
се вршат во кабинетите за ласер терапија, амбулантно со локална анестезија со капки;
Кога да закажете преглед?
- Доколку сакате да имате здрав вид, треба да правите очен преглед најмалку еднаш годишно, а доколку чувствувате некакви симптоми и сметате дека нешто не е во ред, очниот преглед треба да закажете веднаш.
- Постои голема шанса да е помината најмалку една година од вашиот последен очен преглед.
- Рутинските очни прегледи можат да откријат проблеми со видот, болести на очите и општи здравствени проблем, без разлика дали имате некакви симптоми. Навремено нивно откривање може да биде од голема помош за нивна превенција или лекување.
- Нашите искусни лекари ја користат најновата технологија за да обезбедат најсеопфатен преглед за вас. Закажувањето е брзо и лесно, а може да го направите и онлајн.
ФОРМУЛАР ЗА ЗАКАЖУВАЊЕ
Закажувањето на преглед во „Деница“ е сосема едноставно и истото може да се направи на два начина:
1. Доколку се јавите на нашиот контакт телефон: 02/3068-288 или
2. Доколку го пополните овој формулар, по чие добивање, нашите служби ќе Ве исконтактираат во најскоро можно време.