Пред 2 години, цврсто решени да создадеме Болница која во целост ќе ги применува највисоките офталмолошки стандарди, ја основавме Деница.

Изминатиот период, со голема посветеност, врвните стручњаци беа дел од решението на проблемите на повеќе од 10.000 наши пациенти. На најмладиот Никола кој имаше само 6 месеци, на најстарата Благуна која имаше 98 години, како и на останатите пациенти од сите возрасти и краишта, успешно реализиравме повеќе од 20.000 дијагностички или хируршки интервенции.

Заедно со вас, навраќајќи се на сите остварени заложби изминатите 2 години, ги поставуваме целите за во иднина!

Продолжуваме уште посилно да ја јакнеме експертизата!

Продолжуваме да инвестираме во уште посовремена технологија!

Продолжуваме да бидеме синоним за беспрекорност и професионалност!

2 години Деница.

Ви благодариме на довербата!