д-р Виолета Бучкоска и д-р Сашо Ѓорѓиоски од Специјалната очна болница „Деница“ земаа учество на меѓународниот техниолошки самит чиј организатор е еден од најголемите светски офталмолошкиот технолошки брендови  – Alcon, кој се одржа од 8 до 10 декември 2018 година, во Истанбул, Република Турција.

На овој престижен настан, на кој зедоа учество повеќе од 500 офталмолози од 20на држави во светот, повеќе од 30 врвни експерти ги споделија своите знаења за најновите светски достигнувања од областа на:

– Менаџментот на катарактата и на астигматизмот;
– Максимизирањето на резултатите во хирургијата на катаракта преку примена на најнапредна технолошка опрема;
– Влијанието на најновите технолошки достигнувања во офталмологијата, како и
– Презентација на најзначајните случаи во очната хирургија.

„Најновите трендови во областа, постојано ги следиме преку редовни посети на најважните регионални и светски симпозиуми и конгреси, бидејќи иднината  на  Болницата  ја гледаме во проширувањето на  човечките и технички ресурси, а  со тоа и во збогатувањето на палетата на услуги што ги нудиме“, изјави д-р Бучкоска, катарактен и витреоретинален хирург, медицински директор на Деница.

За д-р Сашо Ѓорѓиоски, пак, овој вид настани се вклопуваат во стратегијата на Болницата според која хуманиот однос со пациентите, личното знаење, како и примената на најновите светските офталмолошки стандарди се темелите на кои почива успехот на Деница.

Специјалната болница за очни болести „Деница“ постои од април 2017 година. Се наоѓа на улицата „Варшавска“ број 6 во мирната и спокојна населба скопска населба Тафталиџе. На околу 500 м2, наменски дизајниран и изграден простор, сместени се модерно опремени ординации, кабинети и операциони сали кои располагаат со најнова технологија и апаратура со што се овозможува вршење прегледи и оперативни зафати кои се на ниво на најсовремените европски и светски очни болници.