Конвенционалниот ласери што се користат за лекување на болести на мрежницата работат преку емитување на континуирана зелена светина која предизвикува загревање на мрежницата. Ова ги прави ефикасни, но и особено инвазивни кон третираната зона, заради повреди на фоторецепторните клетки на мрежницата и последователно формирање на големи „лузни“ кои, во зависност од тоа каде се позиционирани, може да доведат дури и до компликации како што се дополнително намалување на видната острина, видното поле, перцепцијата на бојата, ноќното гледање и чувствителноста на контраст.

Жолтиот микропулсен ласер, од друга страна, емитува ултра кратки  импулси на жолта светлина, испрекинати со кратки периоди на одмор. Ова го елиминира проблемот на прегревање ткивото, го намалуваат структурното оштетување на ткивата и затоа овозможува да се третира деликатниот централен дел на макулата (точката за јасно гледање) без типичните ризици од конвенционалните ласери.

Постапката е брза и безопасна. Пациентите може да забележат подобрување на видот во рок од неколку недели или месеци по третманот. Жолтиот ласер, исто така, најавува нов почеток во областа на дијабетичната ретинопатија, бидејќи е докажано дека е исклучително ефикасен, покрај тоа што е побезбеден од конвенционалниот зелен ласер. Покрај тоа, системот за истовремена апликација на повеќе точки одеднаш дополнително ја зголемува прецизноста, удобноста на пациентот и брзината на процедурите за ласерска фотокоагулација.

Предности на жолтиот микропулсен ласер во однос на конвенционалните ласери

Поудобно: Жолтиот ласер бара помала енергија, но работи побрзо, што значи помала непријатност кај пациентот, како што се болка и заслепување за време на третманот. Ласерските точки се нанесуваат со поголема брзина, со што се подобрува удобноста на пациентот.

Побезбедно: Истражувачките студии покажаа дека новиот микропулсен ласер резултира со помалку долготрајни лузни традиционално предизвикани од постарите ласерски технологии и се покажа дека е исто толку ефикасен како тековно користените ласерски третмани, но со помалку несакани ефекти.

Попрецизно: Жолтата ласерска светлина е попрецизна и понежна во лекувањето на макулата во мрежницата, заради користењето на под-прагова енергија, што овозможува попрецизно да се таргетираат областите на крварење и истекување без да се оштетат другите делови на мрежницата.

Поефективно: Жолтата ласерска светлина може да продре низ катаракта (заматување на леќата) и крварења во стаклестото тело подобро од традиционалната зелена ласерска светлина во лекувањето на сложени очни нарушувања. Користењето на оваа нова технологија може да значи и побрзо време за опоравување и пократки сесии на третман.

 

Нашите специјалисти за ретина ќе ве информираат дали вашата состојба е погодна за лекување со новиот жолт микропулсен ласер. Овој метод на третман во моментов најчесто се користи во случаи на ретинални заболувања, како што се: дијабетичен макуларен едем, централна серозна хориоретинопатија и макуларен едем заради тромбоза на гранка на ретинална вена. Во поново време, се успешно се применува и кај пролиферативна дијабетична ретинопатија и некои форми на глауком.