На 17.12.2018 година, д-р Виолета Бучкоска од Специјалната очна болница „Деница“, одржа предавање на едукативната работилница организирана од Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија „Баланс МК“ и од Здружението на лица со дијабетес „Алегрија“, која се одржа во Центарот за семејна медицина.
На предавањето кое се однесуваше на промените на очите кај лицата со дијагностициран дијабетес, д-р Бучковска ги запозна присутните со клучните особености на оваа состојба, истовремено, давајќи попрецизни совети за офталмологијата и за дијабетесот на прашањата поставувани од страна на учесниците.
Работилницата е дел од едукативниот караван кој се спроведува низ повеќе градови во Македонија, а на кој имаат земено учество повеќе од 500 лица со дијагностициран дијабетес од типот 1 и од типот 2.
Специјалната очна болница „Деница“, како општествено одговорен субјект, во континуитет спроведува најразлични едукативни настани кои имаат за цел да придонесат за унапредување на свесноста на граѓаните за очното здравје.