Додека естрогенот и прогестеронот се попознати по нивната улога во репродукцијата и бременоста, дали знаевте дека тие можат да влијаат и на здравјето на очите?

Меѓу многуте промени што ги доживуваат жените со менопаузата, видот може да биде една од нив. Aко забележите промени во видот, знајте дека не сте сами. Добрата вест е што проблемите со очите може да се решат откако ќе се избалансираат нивоата на хормони.

Најчести проблеми се:
– Суви очи;
– Катаракта;
– Глауком.

Покрај редовните очни прегледи, одржувањето на здрав начин на живот е еден од најважните чекори за одржување на вашите очи здрави за време и по менопаузата. Ова вклучува избегнување пушење, лекување здравствени проблеми како дијабетес и висок крвен притисок и одржување на урамнотежена исхрана. Здравиот крвен притисок и нивото на шеќер во крвта помагаат да се заштитите од проблеми со очите, како што се катаракта и глауком.

Leave a Reply