Повеќе од 80% од материјата што децата ја учат на училиште ја помнат преку визуелизација. Тоа значи дека, доколку детето има проблем со видот, таквата состојба може да има влијание врз неговиот иден развој.
Во продолжение, укажуваме на пет предупредувачки знаци кои треба да го вклучат алармот кај родителите дека нивното дете можеби има проблем со видот.
1. Постојано седи блиску до телевизорот или ја држи книгата премногу блиску до очите. Иако модерната наука денес смета дека седењето блиску до телевизискиот приемник не влијае негативно врз очите, сепак, ваквата навика, доколку е долготрајна, може да претставува предупредувачки знак за потенцијални проблеми со видот.
2. Често триење на очите. Да, децата често ги протриваат очите кога се уморни или се вознемирени. Меѓутоа, доколку вашето дете ги протрива очите додека се обидува да се фокусира на нешто или додека е активен, тоа е знак дека би можел да има некаков проблем со видот.
3. Губење на местото каде се застанало со читањето или користење на прст за насочување на очите кога се чита. Кога децата учат да читаат, е сосема нормално да го искористат прстот за да можат правилно да го следат редоследот на зборовите. Сепак, наспроти почетокот, кога се започнувало со читање, доколку вашето дете продолжува да го користи прстот, замолете го да чита на глас без да го користи. Доколку, во овој случај, увидите дека вашето дете има проблеми да ја прочита реченицата, тоа може да биде знак дека има проблем со видот.
4. Чувствителност на светлина и/или прекумерно солзење на очите. Дали очите на вашето дете се особено чувствителни на осветлување во затворен простор или на сончева светлина? Имено, децата со фотофобија, односно со екстремната осетливост кон светлината, често пати се жалат на главоболки и на гадење, што може да биде индикатор за потенцијални проблеми со очите.
5. Затворање на едното око при читање или при гледање на телевизија. Честото затворање на едното око, може да укажува на рефрактивен или бинокуларен проблем со видот кој може да влијае во насока на попречување на способноста на двете очи да работат заедно. Оттаму, затворањето на едното око за читање, би можело да биде предупредувачки знак за специфичен проблем на очите наречен недоволна конвергенција.
На крајот, особено важно е да се знае дека е потребно децата да имаат редовни офталмолошки прегледи на секои 12 месеци.