Перформансите на овој најсовремен офталмолошки микорохируршки систем од последната генерација, овозможуваат:
– Врвни резултати во витреоретиналната хирургија и во хирургијата на #катаракта;
– Највисоко ниво на контрола при изведување на хируршките зафати;
– Зголемување на можноста за уште поуспешна хирургија дури и за најсложените офталмолошки состојби;
– Драстично намалување на веројатноста од можни компликации при спроведувањето на хируршките интервенции;
– Вградена автоматска контрола на интраокуларниот притисок;
– Скратување на времето на траење на хируршките интервенции;
– Значително намалена постоперативна нелагодност на предниот сегмент на окото;
– Побрзо закрепнување заради употребата на инструменти со исклучително мали димензии.
Деница ги имплементираше највисоките светски технолошки стандарди во очната хирургија кои, заедно со тимот од меѓународно верификувани хирурзи и дијагностичари, претставуваат најголемата гаранција за врвни офталмолошки резултати!
Затоа што вашите очи го заслужуваат најдоброто!