Синоним за премиум услуги
„Деница“ располага со најсовремена офталмолошка опрема, без која не би можело да се постигнуваат врвни резултати, како во дијагностиката, така и при оперативните зафати.
Се грижиме за вашите очи
Специјалната болница за очни болести „Деница“ постои од април 2017 година. Се наоѓа на улицата „Варшавска“ број 6 во мирната и спокојна скопска населба Тафталиџе. На околу 500 м2, наменски дизајниран и изграден простор, сместени се модерно опремени ординации, кабинети и операциони сали кои располагаат со најнова технологија и апаратура со што се овозможува вршење прегледи и оперативни зафати кои се на ниво на најсовремените европски и светски очни болници. „Деница“ е организирана со:
Три целосно опремени офталмолошки ординации;
Кабинет за припрема на пациенти за преглед;
Кабинет за функционална дијагностика;
Кабинет за OCT (Окуларна кохерентна томографија);
Посебен оперативен блок комплетно опременa оперативнa салa;
Кабинет за ултразвук и ласер терапија;
Кабинет за флуоресцеинска ангиографија и флуоресцеинска автофлуересценција;
Дневна болница;
УЛТРАЗВУК
A-scan систем на германската компанија „Tomey“ кој се користи за биометрија во случаи кога постојат многу зрели катаракти. B-scan системот, исто така од компанијата „Tomey“ е дводимензионален и задолжителен при прегледот на пациентите. Со предоперативен преглед со оваа метода се исклучува можноста дека за губиток на видот освен катарактата е одговорно и некое друго заболување: аблација на ретина, тумор, крварење и слично. На овој начин се избегнува повеќекратно оперативно лечење и се дава рационална прогноза за постоперативната видна острина.
ОПТИЧКА БИОМЕТРИЈА
Најновата генерација на оптичкиот бесконтактен биометар овозможува прецизна проценка на вредноста на интраокуларната леќа за вргадување. Најновиот оптички биометар „Lenstar“ од компанијата „Haag-Streit“ од Германија поседува софтвер од најновата генерација за проценка на постоперативната диоптрија.
СПЕКТАРОТ НА ХИРУРШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ
ја опфаќа целата интраокуларна хирургија со користење на најмодерниот очен микроскоп од германскиот бренд „Moller-Wedel“, со користење на инструменти од компанијата „Geuder“ од Германија. Со цел да се постигне максимална безбедност на пациентот, опремени сме со најнова генерација на апарат за анестезија, централна станица за компресија и медицински гасови кои овозможуваат максимална сигурност на оперативниот процес.
ХИРУРГИЈА НА КАТАРАКТА
со ултразвук се врши со вградување на современи меки интраокуларни леќи од светски познатата компанија „Bausch&Lomb“, хирургија на мала инцизија и микро инцизиона хирургија на катаракта со рез помал од 2мм со употреба на Фако апарат „Stellaris PC“, исто така припадник на познатиот бренд „Bausch&Lomb“ и „Infinity“ фако апарат од брендот „Alcon“;
СОВРЕМЕНА ХИРУРГИЈА НА ГЛАУКОМ
трабекулектомија со антиметаболити, мини шантови (Ex-press), дренажни импланти (Ахмедова валвула), како и операција на криоанемизација со најнов апарат од брендот „Optikon“;
РЕТИНОВИТРЕАЛНА ХИРУРГИЈА
23G витректомија, 25G витректомија, хирургија на комплицирани аблации, дијабетес, интервенирање при повреди на окото, хирургија на макула. Анти VGF терапија при лечење на влажна дегенерација на макула и други болести на ретината;
ИНТЕРВЕНЦИИ СО ЛАСЕР
се вршат во кабинетите за ласер терапија, амбулантно со локална анестезија со капки;
ИНТРАОКУЛАРНА РЕФРАКТИВНА ХИРУРГИЈА
Во случаи каде не е можно ласерско отклонување на диоптријата, вградуваме интраокуларни леќи или ја заменуваме природната леќа со интраокуларна леќа со соодветна диоптрија.
Интервенција со YAG Laser
на предниот сегмент на окото (лечење на глауком, секундарна катаракта);
Интервенции со аргон ласер
кај глауком и заболување на ретина (дијабетес, васкуларни болести, руптури на ретина);
офтамолошки дијагностички и хируршки услуги
- Што сé нуди Деница?
- Тим професионалци
- Најсовремена опрема
- Редовни прегледи