д-р Виолета Бучковска спаѓа во онаа група докажани и признаени професионалци кои секојдневно ни даваат одличен пример што значи да се биде врвен хирург, но и добар човек.

д-р Виолета Бучковска спаѓа во онаа група докажани и признаени професионалци кои секојдневно ни даваат одличен пример што значи да се биде врвен хирург, но и добар човек. Таа, како еден од најеминентните офталмолози во државата, перменентно ги издигнува вкупните здравствени стандарди во Република Македонија, приближувајќи му ги на македонскиот пациент последните и најсовремени трендови во оваа исклучително сензитивна област.

Нејзината меѓународно верификувана експертиза во очната хирургија буди чувство на гордост кај секој од нас дека Македонија, освен во некои други сегменти, има со што да се претстави пред светот и во оваа област.

Област од посебен интерес на д-р Бучковска е хирургијата на катаракта, хируршките третмани на аблација на ретината, витреоретиналната хирургија, ласерскиот третман на дијабетична ретинопатија и периферните дегенерации на ретина, како и окулопластиката.

Област:

Специјалист офтамолог

Поле на експертиза:

Заден сегмент на окото

Образование:

1987
Медицински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје, Р. Македонија
1995
Специјализација по офталмологија – Медицински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје, Р. Македонија

Работно искуство:

1990 – 2009
ЈЗУ Универзитетска Клиника за Очни Болести
2010 – 2017
Систина Офталмологија
Од 2017
ПЗУ Специјализирана Болница по Офталмологија “Деница”