д-р Сашо Ѓорѓиоски, како дел од помладата генерација медицински стручњаци во државата, речиси една деценија храбро ги освојува највисоките офталмолошки врвови, со што на нашите граѓани им ги приближува најновите европски и светски трендови и достигнувања во насока на подобро очно здравје.
Вклучувајќи се во тимот на Специјалната очна болница „Деница“ предводен од д-р Виолета Бучковска уште од самите почетоци, Ѓорѓиоски дава активен придонес во насока на издигнување на вкупните здравствени стандарди. Област од посебен интерес на д-р Ѓорѓиоски е офталмолошката дијагностика, медикал ретина, како и хирургијата на предниот сегмент на окото.
Област:
Поле на експертиза:
Катаракта
Образование:
2003
Медицински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје, Р. Македонија
2012
Специјализација по офталмологија – Медицински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје, Р. Македонија
Работно искуство:
2012 – 2013
ПЗУ Enterpreyes
2013 – 2017
ПЗУ Неуромедика
Од 2017
ПЗУ Специјализирана Болница по Офталмологија “Деница”