Пролетта е веќе пред нас, а промената на сезоната носи со себе и ветување за поубаво време и нови почетоци. Но, новите растенија кои се појавуваат секоја пролет можат да бидат причина за појава на сезонски алергии на очите кои можат да предизвикаат конгестија, главоболки, чешање и отоци на очите.
На овој начин, добиените резултати ни овозможуваат на време да се постави точната дијагноза и да се спроведе соодветен третман.
Конјунктивитот е една од највообичаените и најчесто третираните очни болести кај деца и возрасни. „Црвеното око“ како што често се нарекува, претставува воспаление на конјунктивата, која е провидната мембрана која ја препокрива внатрешната страна на капаците и белката на окото и ја одржува влажноста на окото.
Како се третира сезонската алергија на очите?
Црвеното око предизвикано од алергија може целосно да исчезне доколку алергијата се третира со лекови/ капки или ако се отстрани алергенот. Значи, прва линија на третман е отстранување на алергенот, што може да вклучува на пример носење капа надвор или често миење на лицето.