OCT (оптичка кохерентна томографија) претставува неинвазивна техника, односно оптичка биопсија на ткивото на ретината, која ни овозможува: целосeн увид во состојбата на ретината, точно одредување на дебелината на ретината и нервните влакна, на ретиналниот пигментен епител, како и на папилата на очниот нерв со помош на анализа на топографски слики во три димензии.
На овој начин, добиените резултати ни овозможуваат на време да се постави точната дијагноза и да се спроведе соодветен третман. Покрај тоа, споменатото ни овозможува веднаш да му кажеме на пациентот за прогнозата, како и за третманот на болеста.
Испитувањето го користиме кај сите ретинални заболувања (сенилна дегенерација на макулата, тумори, дијабетична и хипертонична ретинопатија) и кај глаукомот каде што можеме да ја следиме состојбата на слојот на нервни влакна на главата на очниот нерв (атрофија) и со тоа да го одредиме степенот на оштетување на истите, што е важно за одредување на типот на терапијата.
OCT ангиографија
OCT ангиографија претставува брза, неинвазивна, високо специфична метода кој овозможува увид во циркулацијата на крвта, како и увид во состојба на ретиналните и на хориоидалните крвни садови.
Испитувањето за кое не е потребна посебна подготовка трае сосема кратко, најмногу до 5 минути. Исто така, оваа метода може да се врши и на тесна зеница, да се повторува и да се врши без контакт. Тоа може да се повторува секојдневно и не претставува ризик по здравјето на пациентот.