Третман на глаукомот
Глаукомот е болест која сеуште не може да се излечи. Меѓутоа, со терапија и редовни контроли, таа успешно може да се контролира. Третманот на глаукомот се состои од локална терапија во вид на капки кои имаат дејство на зголемување на дренажата на очната водичка или намалување на нејзиното создавање. Овие капки може да се даваат поединечно или комбинирано. Доколку и покрај терапијата очниот притисок не паѓа и има прогресија на глаукомот, може да се пристапи кон хируршки третман на глаукомот или селективна ласер трабекулопластика.
Интервенциите кај глаукомот се состојат во:
Ласерски интервенции
Ласерските интервенции кај глаукомот со отворен агол (trabeculoplastica) каде со посебен (YAG) ласер се работи на трабекулумот (делот од каде истекува очната водичка) или се прави вештачки отвор во шареницата (iridotomia) и со тоа се подобрува протокот на очната водичка и се намалува очниот притисок.
Оперативен третман
Доколку, и покрај примената на максимална антиглаукоматозна терапија, нема регулирање на очниот притисок, индициран е хируршки третман. Целта на антиглаукоматозната хирургија е да се воспостави баланс помеѓу продукцијата и отекувањето на очната водичка. Постојат неколку методи од кои трабекулектомија, трабекулектомија со антиметаболит, длабока склеректомија и дренажни импланти.
Губењето на видот кај глаукомот може да се спречи со помош на редовна терапија, редовни контроли со офталмолог, првично за секој месец, а потоа на 3 месеци, со испитвање на видното поле на секои 6 месеци, како и со испитување на OCT секоја година.
Кога да закажете преглед?
Најважен третман на глаукомот е превенцијата односно откривање на болеста пред да предизвика сериозно оштетување на видот. Затоа, редовните очни прегледи, дури и тогаш кога видот е нормален, се есенцијални за раното откривање на глаукомот.