Видното поле представува проекција на функционалниот дел од мрежницата во просторот, односно проекција на сите ретинални точки на кои може да започнат визуелните сензации.
Компјутеризираната периметрија е дијагностички метод кој дава графички приказ на видното поле.
Компјутеризираното видно поле (компјутеризирана периметрија) е дијагностичка постапка за рана дијагноза на глауком, проценка на оштетувања на видот настанати како последица од глаукомот и следење на ефикасноста на антиглаукомната терапија. Таа се базира на рано откривање на дефекти во видното поле за што пациентот често и не е свесен, а се појавуваат како резултат на висок интраокуларен притисок.
Видното поле претставува исто така едноставна но важна метода за детекција и локализација и на невролошките пореметувања.