ја опфаќа целата интраокуларна хирургија со користење на најмодерниот очен микроскоп од германскиот бренд „Moller-Wedel“, со користење на инструменти од компанијата „Geuder“ од Германија. Со цел да се постигне максимална безбедност на пациентот, опремени сме со најнова генерација на апарат за анестезија, централна станица за компресија и медицински гасови кои овозможуваат максимална сигурност на оперативниот процес.
СОВРЕМЕНА ХИРУРГИЈА НА ГЛАУКОМ
трабекулектомија со антиметаболити, мини шантови (Ex-press), дренажни импланти (Ахмедова валвула), како и операција на криоанемизација со најнов апарат од брендот „Optikon“;
РЕТИНОВИТРЕАЛНА ХИРУРГИЈА
23G витректомија, 25G витректомија, хирургија на комплицирани аблации, дијабетес, интервенирање при повреди на окото, хирургија на макула. Анти VGF терапија при лечење на влажна дегенерација на макула и други болести на ретината;
ОПЕРАЦИЈА НА КАТАРАКТА
со ултразвук се врши со вградување на современи меки интраокуларни леќи од светски познатата компанија „Bausch&Lomb“, хирургија на мала инцизија и микро инцизиона хирургија на катаракта со рез помал од 2мм со употреба на Фако апарат „Stellaris PC“, исто така припадник на познатиот бренд „Bausch&Lomb“ и „Infinity“ фако апарат од брендот „Alcon“;
ИНТЕРВЕНЦИИ СО ЛАСЕР
се вршат во кабинетите за ласер терапија, амбулантно со локална анестезија со капки;
Интервенција со YAG Laser
Интервенции со аргон ласер
на предниот сегмент на окото (лечење на глауком, секундарна катаракта);
кај глауком и заболување на ретина (дијабетес, васкуларни болести, руптури на ретина);
ИНТРАОКУЛАРНА РЕФРАКТИВНА ХИРУРГИЈА:
Во случаи каде не е можно ласерско отклонување на диоптријата, вградуваме интраокуларни леќи или ја заменуваме природната леќа со интраокуларна леќа со соодветна диоптрија.