Најновата генерација на оптичкиот бесконтактен биометар овозможува прецизна проценка на вредноста на интраокуларната леќа за вградување. Најновиот оптички биометар „Lenstar“ од компанијата „Haag-Streit“ од Германија поседува софтвер од најновата генерација за проценка на постоперативната диоптрија.
- Ултразвучен пахиметар (прецизно се мери дебелината на рожницата), воздушен тонометар со софтвер за дебелината на рожницата;
- Компјутеризирано видно поле за дијагностика на глауком, некои болести на ретината и некои невролошки болести;
- Спекуларен микроскоп за проценка на ендотелот на рожницата;
- Флуоресцинска ангиографија со фундус камера за снимање на задниот сегмент и васкуларниот систем на окото;
- Флуоресцеинска ангиографија со автофлуересценција – ангиографија без контраст;
- Најсовремен OCT (оптичка кохерентна томографија) – неинвазивен револуционерен неконтактен ласерски дијагностички систем. Исклучително прецизно ги претставува внатрешните слоеви на окото низ попречни пресеци со големи резолуции. Се применува во раната дијагностика на глауком, оболувања на жолтата точка во внатрешноста на окото и витреоретинални пореметувања